СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Во рестораните ќе бидат легитимирани само малолетните лица кои ќе побараат алкохол, вели Пауновски

Протоколите ги носат Комисијата за здравство и Владата, но во нивната изработка учествуваат и синдикатите на угостителите изјави денес во Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ директорот на ДПИ, Стојко Пауновски.

Тој рече дека ДПИ како орган не е надлежен да го контролира спроведувањето на протоколите.

-ДПИ не сака секогаш да казнува. На почетокот ќе се потрудиме протоколите да бидат применливи. Оние протоколи кои не се применливи, односно угостителите ќе им биде тешко да ги применат и над кои не можеме да извршиме надзор, можно е да бидат променети. Таков е примерот за ограничувањето на бројот на гости на една маса и проверка на нивната роднинска врска. Исто така, протоколот вели терасите да бидат отворени од три страна. Тука на улица Македонија сите тераси се отворени само од една страна. Значи ќе мора да претрпат измени. Никој не може да ги легитимира граѓаните при влез во ресторан, освен малолетните лица кои ќе побараат алкохол, рече Пауновски.

Поврзани вести

Сугарески и Спасовски: Градежната офанзива е нашиот одговор на запуштената и руинирана инфраструткрура што ја наследивме

Влатко Зорба

Ангеловска: Дефицитот не е опасен ако стимулира економски раст

msp-admin

САД со рекорден дефицит во последните 12 години

Stefanija Kuzmanovska