СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Во тек е исплата на правата од социјална и детска заштита за мај

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец мај.

-Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа денеска 2 јуни – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; 3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О; и 4 јуни (четврток) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш, се вели во соопштението од МТСП.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денес, 2 јуни.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Поврзани вести

РЕК Битола склучи договор за набавка на 36 машини и камиони за ископ на јаглен

Влатко Зорба

„Блумберг“: С. Македонија издава нова 7-годишна еврообврзница

Влатко Зорба

Македонија нема директно да преговара со Грција, целта е да се поттикне домашниот туризам

Влатко Зорба