СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

За време на корона кризата во Гостивар вработени 76 лица

Од почетокот на мерките за сузбивање на пандемијата во гостиварскиот регион регистрирани се 22 откази, а 76 лица деновиве склучиле договори за вработување.

Со владините активни мерки, уште 70 гостиварци ќе започнат со тримесечна практична работа. Нема масовни отпуштања како последица од мерките кои ги наложи корона кризата во гостиварскиот регион, оценуваат од Центарот во Гостивар на Агенцијата за вработување.

– Од почетокот на вонредната состојба, кај нас се регистрирани 22 прекини на работа. Сите се однесуваат на компанија која организира игри на среќа. Може да има и други случаи како што е непродолжување на договори за работа на определно време или откази по барање на работникот, вели Хисан Амзаи – раководител на Центаротво Гостивар при Агенцијата за вработување

Активните владини мерки за вработување, 70 компании ги искористија и овозможија 76 нови вработувања.

– Иако значајно влијание има ситуацијата со коронавирусот, Агенцијата за вработување -Гостивар сепак бележи нови вработувања кои се според оперативниот план предвиден за 2020 година. Па така започнавме со потпишување договори за работа за три активни мерки. Станува збор за 54 субјекти кои треба да потпишат договори и ќе вработат 58 невработени лица. Мерките главно ги користат малите и средни претпријатија, вели Амзаи.

Погодностите за практична работа ќе ја искористат и 72 лица кои ќе склучат договори со компании од гостиварскиот регион на три месеци, мерка која државата ја помага со по 9.000 денари месечно за секое лице.

На списоците за невработени во гостиварскиот ценатр на Агенцијата има над десет илјади лица, од кои околу шест и пол илајди се активни баратели на работа.

Поврзани вести

НБ: Крипто-средствата не претставуваат законско средство за плаќање во нашата земја

Влатко Зорба

Германија најде начин да ги заобиколи санкциите против „Северен тек 2“

Берта Китинска

Македонија лани увезе злато вредно 95.000 долари

Влатко Зорба