ЕКОНОМИЈА

Заев очекува банките да ги намалат каматите на кредитите

„Пред владата постои можноста да донесе Уредба и да им наложи на банките, главницата и каматата да ја одложат најмалку три месеци, но граѓаните треба да знаат дека банките кредитите ги даваат од штедните влогови на други граѓани и дека за тие штедни влогови исплаќаат камати. Ако не исплаќаат камати, граѓаните ќе ги повлечат штедните влогови и ќе се сруши банкарскиот систем. Затоа им е оставено на банките да одлучуваат и секаде и во Србија, Хрватска, Црна Гора, каматите се пресметуваат додека трае одлагањето“, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев во емисијата Само интервју на Канал 5.

„Ние бараме таквата камата да биде намалена. Јавно кажувам дека Владата се обрати до банките со вакво барање, затоа што Народната банка ја намали задолжителната резерва која беше трошок за банките и сега банките имаат помал трошок и тој помал трошок да го распоредат и кон клиентите. Јас лично, но и Владата очекуваме банките да ги намалат каматите за тие три месеци додека се одложени кредитите. Имаат простор каматите да ги намалат за онолку колку што им е намален трошокот“, заклучи Заев.

Поврзани вести

Анѓушев: Целта е да ги задржиме младите, наместо да извезуваме луѓе во другите држави

user3

Владата го разреши од позицијата директорот на Фондот за иновации

Ангела Веселиновска

Трет сет мерки: 21.542 компании ќе добијат пари за исплата на 14.500 денари по работник

Арсовска: Приватниот сектор очекува тешка 2020 година

Никола Поповски

Горивата поскапуваат од полноќ

Берта Китинска

Африка: Економски загуби од 69 милијарди долари поради пандемијата

Stefanija Kuzmanovska