СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев: Растот на платите дава позитивен придонес, буџетот е во добра кондиција

Приходната страна е предвидена 5,6%. Даночните олеснувања кои беа доведении во 2019 година остануваат и ќе дадат позитивен придонес. Растот на платите дава позитивен придонес, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска во отвореното судтио на јавниот сервис.

„Кога имаме релаксирана даночна политика, ширењето на даночната обврзница дава пирибирање на даноци, зошто никој не бара креативен начин да ги избегне даноците. Кога ММФ го ревидира растот надолу за сите земји, кај нас го ревидира нагоре. Ние би требало да проектираме над 6% растот, ако немаше благо ширење на даночната обрврзница ќе беше 7%. Буџетот е во добра кондиција, рече Ангеловска.

Таа додаде дека ММФ е внимателна кон носењето на заклучоци.

„Приходната страна е проектирана на реалистично ниво, како што е целиот буџет проектиран. За разлика од претходно, оваа година се работи за проектиран помал раст, заради рекласацијата на даночните политики. Мора да веруваме во подобро утре, сите сме кон тоа насочени“, истакна министерката.

Премиерот Зоран Заев истакна дека растот на буџетот е благодарение на растот на економијата.

„Растот се движи реално, дали е изборна година или не. После одлуките кои се донесоа од страна на нашите граѓани се гледаат сега. Одиме со оптимално ниво на раст, не оптимистички, но не и песимистички. Целиот буџет значи повисоки економски стандарди на граѓаните“, истакна премиерот Заев.

Според него, очекува бројките да растат и оваа година.

„И минатата год беше прашањето дали ќе ги исполните приходните бројки, дали ќе се исполни буџетот. Треба да направиме поголем импакт на реализацијата, бидејќи тоа дополнително полни буџет“, рече Заев.

Поврзани вести

Граѓаните протестираат низ скопските улици поради поскапувањето на струјата

Берта Китинска

Расте довербата за вложување во инвестициски фондови

Stefanija Kuzmanovska

НУК: Владата со новиот пристап на надомест на штетите и загубите поради пандемијата преќутно ги прифати нашите сугестии

Влатко Зорба