СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев: Стартува помошта предвидена со четвртиот пакет економски мерки

Преку фејсбук статус, премиерот Зоран Заев ја најави реализацијата на четвртиот пакет мерки, наменет за поддршка на граѓаните и стопанствениците.

Мерките ќе создржат даночни ослободувања и намалување на средствата за трошење на компаниите како што се, намалувањето на ДДВ од 18 на 5% за занаетчиите. Тука се и намалувањето на стапката на ДДВ за услугите кои ги нудат рестораните, плаќање ДДВ пет дена откако ќе се поднесе пријавата, одложеното плаќање на аконтации за данок на добивка, како и личниот доход, а и признавање на трошок за приватно здравствено осигурување и тестирање за Ковид 19.

Се разбира, покрај овој пакет мерки тука е и стандардната помош за исплата на плати, и директната поддршка за граѓаните.

Со помош на ребалансот на буџетот, за најзагрозувачките дејности, ќе бидат издвоени 412 милиони денари, 9,8 милиони денари за туристичките водичи, 120 милиони денари за враќање на туристичката такса, како и 330 милиони денари за име на грантови за туристичките агенции, игротеките и рестораните за свадбени веселби.

Рокот за поднесување на барањата е до 10. во месецот, а поддршката ќе биде исплатена до 15ти во тековниот месец за изминатиот.

За потсетување, помошта за вработен ќе изнесува од 14.500 до 21.776. денари, односно 17.410 за самостојните вршители на дејности.

Поврзани вести

Во првата половина од мај ќе биде потпишан финалниот договор за започнување со изградба за гасоводниот интерконектор со Грција

Влатко Зорба

Речиси 4 милиони евра од судски пресуди, договорни казни и активирани банкарски гаранции во Буџетот на Општина Центар

Влатко Зорба

НБ: Банкарскиот систем стабилен, депозитите со солиден раст