СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Зелената енергија во фокусот на земјава со Интервентниот план за инвестиции

Зелената енергија, односно енергијата од обновливи извори ќе биде во инвестицискиот фокус во следниве шест години со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на Владата на Република Северна Македонија.

Повеќе од 3 милијарди евра инвестиции во енергетиката најави Владата со што државата ќе се насочува кон зелената енергија и ќе остане на врвот по искористеноста на обновливите извори на енергија.

„Верувам дека целиот овој период ќе успееме максимално да инвестираме во сите овие обновливи извори на енергија, граѓаните да не изгубат работно место, а во соодветен временски период согласно овој ИПИ 2021-2027 да успееме дури и пред земји членки на ЕУ да ги затвориме јаглените електрани“ истакна премиерот Зоран Заев на промоцијата на ИПИ 2021-2027.

Северна Македонија веќе е во врвот во регионот во искористеноста на обновливите извори на енергија, а со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на Владата, се очекува земјава уште да напредува во тоа поле. Само во минатата година, Северна Македонија има раст од 827 мегавати или 10,1% во искористеноста на обновливи извори на енергија, со што е на меѓу врвот во регионот.

Поврзани вести

Криза во Шведска: Стапката на невработеност на највисоко ниво во последниве 22 години

Stefanija Kuzmanovska

Ќе се олесни зголемувањето на износот на регресот за годишен одмор за поддршка на вработени во КОВИД кризата

Влатко Зорба

Неделата ќе биде работна во 36 дејности

Влатко Зорба