СТАНДАРД life
Фитнес

Ако сакате најдобри резултати, еве го најдоброто време од денот за тренирање

КОГА да тренирате за најдобри резултати е едно од прашањата што си го поставуваат многу фитнес ентузијасти. Ако сте утринска личност, одберете утрински тренинзи, додека логично е ноќните птици да имаат повеќе енергија доколку ја посетат теретаната навечер.

Сепак, експертот за телесен часовник д-р Грег Потер вели дека постои период од денот кој ќе ни даде најдобри резултати.

„Постојат причини зошто многу светски рекорди се поставуваат во доцните попладневни часови и рано навечер. Не е само тоа што перформансите се најдобри во овој момент, туку можат да бидат и подобри за контрола на шеќерот во крвта“, изјави тој за The Sun, советувајќи дека тренинзите треба да ги правиме после работа, односно помеѓу 17 и 18 часот.

Д-р Потер советува да јадете лесен оброк после тренинг и да го завршите денот со него.

„Истражувањата покажаа дека обилниот појадок и лесната вечера се подобри за слабеење и шеќер во крвта отколку скромен појадок и обилна вечера“, додаде тој, посочувајќи дека последниот оброк во денот се конзумира приближно два часа пред да одите на кревет.

Поврзани вести

Вежба која трае една минута: Правете ја секој ден и за два месеци ќе имате затегнато тело!

Urednik

„Го намалува стресот и анксиозноста“: Шест начини за подолг живот

Radmila Tasevska

Трчање или возење велосипед: Што е подобро кардио?

Urednik