Љубовта е важна ставка во животот, нè движи и не прави среќни. Некои се со партнери затоа што се вистински заљубени, некои за корист, и финансиски бенефит, а некои сакаат партнер затоа што им треба внимание.
Според астролозите, постојат четири хороскопски знаци кои избираат партнери затоа што им недостига некој да се грижи за нив, но потоа сфаќаат дека се заљубиле во сосема погрешни луѓе.
Еве за кои се работи:
Овен
Овенот сака секогаш да биде популарен и забележан, затоа понекогаш со задоволство ќе ги одберат оние кои се на некој начин познати, само малку да се „докажат“. Значи, најмногу грешат кога избираат некого поради споменатата причина, но тоа е дел од нивната личност. Едноставно така ги привлекуваат.
Близнаци
Сакаат кога има луѓе во нивната околина и некако не поднесуваат да бидат сами. Затоа, кога се борат да го надминат тоа чувство на осаменост, можат да влезат во врска со некого чисто „ради реда“. Ќе се заљубат во речиси секој со кој излегуваат, затоа што сакаат внимание.
Рак
Раковите многу лесно паѓаат на оние кои им посветуваат барем малку внимание. Така, оние кои им даваат малку љубов на припадниците на овој знак веднаш ќе се заљубат или ќе им се допаднат на таа личност. Многу се врзуваат, а потоа кога ќе дознаат дека другата страна само си играла, тоа може да им ги скрши срцата.
Стрелец
Стрелците, пак. избираат партнери кои ќе им дадат некаква слобода. Тие се луѓе кои сакаат да имаат време за свои работи, односно работа, хобија и други занимања. Сакаат некој кој нема да ги гуши и претерано да им додева. Секогаш им се допаѓаат момците/девојките кои ги нарекуваме „палави“, пишува „Пинк вила“.