СТАНДАРД life
Храна

📽 Бурек кој не дебелее

Можеби здравиот бурек не звучи толку примамливо, но ништо не се знае додека не го пробате!

Велат дека не мора да го исфрлите од исхраната она што сакате да го јадете, доколку го земате во помали количини, но не е лошо и да пробате нешто ново.

Здравиот бурек се подготвува едноставно, наместо кора се користи само корнфлекс.

Состојки:

* 500 грама корнфлекс
* 1,5 л јогурт
* 400 грама сирење
* маслиново масло
* сол
* сусам за посипување
* две јајца

Подготовка:

Во сад измешајте корнфлекс и јогурт. Во втор сад изматете ги јајцата со вилушка, а потоа додадете околу две до три лажици маслиново масло.

Истурете го сирењето и изгмечете го со вилушка. Кога смесата убаво ќе се соедини, истурете ја во корнфлексот.

Смесата ставете ја на хартија за печење. По желба посипете со сусам и посолете малку.

Се пече на 200 степени околу 30 минути.

На здравје!

@filip.golic Komentari 3, 2, 1 sad! 😂 #burek #filipgolic #golicfilip #balkan #fyp #foryoupage #viral #hrana #ajmokuhat #tiktok ♬ Arabica – Intermede Music

Поврзани вести

Лесен летен десерт: Печени круши

Urednik

Старински рецепт за совршени тулумби

Urednik

Никогаш не фрлајте конзервирано рибино масло: Дури и познатите готвачи го користат поради оваа причина

Radmila Tasevska