СТАНДАРД life
Храна

Брз петочки ручек: Печени компири со печурки

Количината на состојки е идеална за две лица, а подготовката ќе трае околу еден час.

Состојки:

* 5 компири
* 8 печурки
* 1/2 кромид,
* 2 чешниња лук
* мајчина душица
* 1 дл бело вино
* 50 гр гауда кашкавал
* сол
* свежо мелен пипер

Подготовка:

Во тава пропржете ги кромидот, печурките, лукот и малку бело вино. По неколку минути додадете го остатокот од виното, мајчината душица, солот и биберот.

Гответе ги неизлупените компири во солена вода околу 15 минути. Извадете ги од водата да се излади и исечете ги на четири дела за да можете да ја наполните средината со печурките.

Со сосот премачкајте ги компирите и печете во загреана рерна на 200 степени половина час.

Извадете ги компирите од рерна, посипете ги со кашкавал и вратете ги во рерна уште десетина минути.

На здравје!

Поврзани вести

Предлог здрав и брз оброк: Печена посна тава со Сладок компир – Батат  

Radmila Tasevska

Најдобрите солени стапчиња!

Urednik

Фереро бомбици – направете ги највкусните мали топчиња дома

Radmila Tasevska