СТАНДАРД life
Храна

Домашни „Ferrero Rocher“ топчиња

Рецепт за топчиња од лешник, кои се најблиското нешто до популарните „Ferrero Rocher“.

Состојки:

* 300 гр лешници
* 250 гр обланди со лешници
* 150 гр чоколадо
* 100 гр павлака
* 250 гр еурокрем
* 250 гр маргарин

Чоколадна глазура:

* 200 гр чоколадо
* 4 лажици масло

Подготовка:

На пареа растопете го чоколадото, еурокремот и маргаринот.

Скршете ги обландите во голем сад, а потоа измешајте ги со пржените и сечканите лешници.

Со растопените состојки прелијте ги обландите и лешниците и продолжете со мешањето со процесор за храна.

Смесата се става во фрижидер да се излади околу еден час.

Чоколадото за глазурата растопете го со маслото на пареа.

Со лажица фатете ја изладената смеса и направете топчиња меѓу дланките.

На здравје!

Поврзани вести

Вегански рецепт: Веганска бисквитна торта со малини

Urednik

Извалкајте и уживајте: Меки ребра во маринада од мед

Radmila Tasevska

Чоколаден десерт во кој можете да уживате без грижа на совеста: Лесен рецепт за здрав сладолед

Urednik