Тиквата може да се користи за њоки, штрудла или супа, а може да се користи и за правење пита со лиснато тесто и спанаќ.
Овој рецепт е погоден и за вегани – наместо сирење, можете да додадете 200 гр тофу и растителен јогурт наместо класичниот.
Состојки:
* 1 лиснато тесто
* 200 гр свежо сирење
* 50 грама спанаќ
* 200 гр рендана тиква
* 3 лажици јогурт
* 1 лажица маслиново масло
* зачини по желба (куркума, сол, бибер, слатка пиперка, лук во прав)
Подготовка:
Изрендајте ја тиквата, додадете свежо сирење, па сите останати состојки и добро измешајте сè заедно.
Намачкајте го филот врз лиснатото тесто, па виткајте го во ролат и премачкајте го со маслиново масло.
Печете според упатствата на производителот на тестото, додека лиснатото тесто не порумени, па послужете.
На здравје!