СТАНДАРД life
Храна

Напитокот од чоколаден намаз, рум и цимет ќе ги стопли душата и телото

Чоколаден намаз на база на лешник е основата на вкусниот пијалок кој нуди богата арома на јаткасти плодови, а со додавање на вашето омилено млеко ќе создадете незаборавен деликатес.

Не е важно дали е кравјо, бадемово или соја млеко. Тајната на успехот е во постигнувањето на вистинската температура на пијалокот, кој мора да биде топол, но не толку жежок за да се изгорите.

Малку сол ќе ја заокружи аромата, па не заборавајте да ја измешате во пијалокот, а на крајот сè заедно украсете со шлаг и чоколадни струготини или зачинете со рум, амарето и други адитиви, пишува „GimmeSomeOven“.

Состојки за 3 лица:

* 4 чаши млеко
* 1/2 чаша намаз од лешник
* 1/4 лажичка сол
* шлаг
* рендано чоколадо
* цимет
* рум или други адитиви

Подготовка:

Загрејте го млекото во тенџере на средна топлина. Извадете го непосредно пред да зоврие.

Додадете го намазот од лешник, посолете и сè убаво измешајте.

Напитокот сипете го во чаши и додадете зачини или други адитиви и веднаш послужете.

На здравје!

Рецепт за сладолед изненадување со џин и чоколаден ликер

Поврзани вести

Сакате ли „смеш“ бургер? Еве како да го подготвите…

Urednik

Пица стапчиња кои се уште никој не ги одбил: Овој рецепт ќе ви стане омилен!

Urednik

РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: И месо и зеленчук, бидејќи вашето куче го заслужува најдоброто

Urednik