СТАНДАРД life
Храна

РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ Крофни со сланина кои ќе го натераат секое куче среќно да мавта со опашот

Секое куче заслужува добар оброк, а само најблиските ќе добијат ручек подготвен со љубов.

Еден таков оброк се крофните со сланина кои ќе го направат вашиот љубимец и пријател пресреќен:

Состојки:

* 2 шолји интегрално брашно
* 2 чаши овесна каша
* 2/3 чаша кокосово масло
* 1 чаша путер од кикирики
* 4 јајца
* грчки јогурт
* парчиња сланина

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени.

Измешајте ги сите состојки освен јогуртот и сланината.

Истурете ја смесата во калапи за крофни или обликувајте ги со раце.

Печете околу 15 минути.

Кога ќе се подоладат, прелијте ги со грчки јогурт и посипете со парчиња сланина.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт за чорба од зеленчук во која нема ни да забележите дека нема месо

Urednik

Колач од вишни

Urednik

Солени вафли со спанаќ, шунка и кашкавал: Совршен појадок за напорни утра

Urednik