Кога ќе паднат температурите, бараме вкусни јадења кои ќе не заситат и загреат. Тогаш се наметнуваат топлите чорби како најдобро решение.
Доколку сакате да направите вкусен ручек за половина час, пробајте го рецептот за оваа чорба од зеленчук од кељ, компири и грав.
Користете сварен грав и сечкани домати од конзерва и на тој начин скратете го времето на подготовка. Постигнете ја вкусноста на јадењето со употреба на вкусна супа од зеленчук и медитерански зачини.
Состојки:
* 1 литар супа од зеленчук
* 800 мл домати од конзерва
* 500 гр сецкан кељ
* 240 гр варен грав
* 2 компири
* 2 моркови
* 2 стебленца целер
* 2-3 чешниња лук
* 1 мал кромид
* 1 лажичка лук во прав
* 1 лажичка суво оригано
* 1 лажичка сува мајчина душица
* 1 лажичка сув босилек
* ½ лажичка шеќер
* сол и бибер по желба
* магдонос за сервирање
* масло за пржење
Подготовка:
Во поголемо тенџере загрејте малку масло и во него издинстајте ги сечканиот кромид, морковот и целерот. Пропржете го зеленчукот околу осум до 10 минути додека не омекне.
Додадете го лукот исечкан на помали парчиња и пржете сè заедно околу една минута.
Покријте го зеленчукот со супа од зеленчук и домати.
Додадете излупени компири исечени на мали коцки, кељ исечен на ленти и варен грав.
Зачинете сè заедно со сол, бибер, лук во прав, босилек, мајчина душица и оригано. Додадете малку шеќер.
Покријте го тенџерето и гответе сè заедно на умерена температура околу 15 минути додека компирите целосно не се сварат.
Чорбата послужете ја со свеж магдонос по желба и парче леб.
На здравје!