Рецепт за пилешка чорба која би ја посакале на вашата трпеза за секој ручек:
Состојки:
* 500 гр пилешко (нозе, батаци, поголеми парчиња гради…)
* 2 главици кромид
* 3 моркови
* 1 мал корен целер
* 2 лажици пелат
* 2 лажички мелен црвен пипер
* 3 лажици кисела павлака
* супа – пилешка или зеленчукова
* листови магдонос
* масло
* сол, бибер
Подготовка:
Ставете сол и бибер врз пилешкото. Загрејте го маслото во тава и запржете го месото од сите страни. Извадете го од тавата и додадете ситно сечкан кромид. Се динста додека не порумени, па се додаваат ренданиот морков и целерот. Се динста уште малку, па се додава супата за да се покрие зеленчукот.
Зачинете со црвен пипер, сол и бибер и додадете го пелатот. Добро измешајте и додадете го месото и оставете да се вари околу еден час. Во случај залихата да испари, задолжително додајте уште.
Кон крајот на варењето извадете го месото и дел од течноста од тавата и измешајте го со павлаката. Преостанатиот зеленчук измелете го во тавче со миксер и додадете ја смесата со павлаката.
Добро измешајте, вратете го месото и послужете топло.
На здравје!