Сармата не мора да биде мрсна за да биде вкусна.
Состојки:
* 15 лажички ориз
* 15 лажички соја снегулки
* 3 полни лажици мелени ореви
* 1 мала главица кромид
* 1 праз
* 2 китки лук
* 1 мал морков
* 1 лажичка мелена пиперка
* 1 кафена лажичка куркума
* по желба: сол, бибер, коријандер, ловоров лист
* 3-4 лажици масло
* 2 лажици тамари или соја сос
* 15 листови кисела зелка
Подготовка:
Покријте ги снегулките од соја со вода и оставете да отстојат.
Измијте го оризот и истурете малку вода. Празот и кромидот ситно се сечкаат и се пржат на млако масло.
Кога кромидот е речиси готов, додадете рендан морков, па пипер и куркума. Пржете многу кратко, внимавајќи да не изгори пиперката.
Додадете лук, ориз, исцедени соја снегулки, зачини и оставете на пониска температура да се динста додека не се впие водата од оризот.
На лист зелка ставете две лажички од филот и завиткајте ја сармата. Гответе околу час и половина, поточно додека зелката не омекне. Ако готвите во шпорет под притисок, доволни се околу 30 минути од моментот на вриење.
Доколку не користите соја снегулки, можете да ги замените со мелени ореви. Наместо една лажичка соја снегулки, ставете една лажица мелени ореви.
Тамари не е потребно. Прилагодете ја количината на зачини по ваш вкус.
На здравје!