СТАНДАРД life
Храна

Салата од компири и јајца – гарнир или комплетен оброк

Салата од компир е како празно платно за сликање, толерира речиси сè што ќе ставите во неа, а вкусовите навистина можат да бидат многу различни.

Денеска пробајте го нашиот рецепт за убава компир салата со јајца:

Состојки:

* 1 кг компири
* 5 тврдо варени јајца
* 4 кисели краставички
* неколку ротквици
* 2 средни моркови
* 100 гр мајонез
* 200 мл павлака или јогурт
* сол, бибер
* 1 лажичка сенф
* сечкан свеж магдонос за посипување

Подготовка:

Излупете ги компирите, исчистете ги и сварете ги во поголемо тенџере. Гответе додека не омекне, но не премногу меко.

Додека се варат компирите, сварете ги тврдо варените јајца. Кога ќе бидат готови, излупете ги и оставете ги на страна да се изладат.

Морковот изрендајте го, ротквиците исечкајте ги на кришки, а киселите краставички исечкајте ги на ситни коцки.

Исечете ги и компирите и јајцата на коцки кога ќе се изладат. Измешајте сè во сад, па зачинете со мајонез, павлака, сенф и сол и бибер.

Салатата кратко изладете ја во фрижидер и посипете ја со магдонос пред да ја послужите.

На здравје!

Поврзани вести

Осо буко со зеленчук! Италијански специјалитет за цело семејство

Urednik

Направете вкусни палачинки за доручек

Radmila Tasevska

Салата со рукола, круши и сино сирење

Radmila Tasevska