Подготвувате компири или тестенини и ви треба идеален додаток во јадењето? Пробајте го рецептот за овој брз сос кој дури ќе стане дел од вашата празнична трпеза.
Состојки:
* 200 гр печурки
* 1 главица кромид
* 1 лажица густин
* магдонос
* 1 лажица путер
* зачини по желба
* бибер
* сол
* 100 мл крем за готвење
Подготовка:
Кромидот ситно се сечка, па се пржи на путер. Додадете шампињони исечени на листови, зачинете и варете додека не испари целата течност.
Смесата измешајте ја со кремот за готвење и прелијте ги со печурките. Вака варете додека не се згусне. Додадете сечкан магдонос, измешајте и истурете во сад.
Сосот можете да го послужите со разни јадења!
На здравје!