СТАНДАРД life
Храна

Вегански рецепт: Tорта со малини и лимета

Вегански, посно, без лактоза, без шеќер, без глутен.

Тесто:

* 130 гр урми;
* 150 гр бадеми;
* 1 супаена лажица вода;
* 2 супени лажици сируп од урми или јаворов сируп (по избор);
* 2 супени лажици какао.

Во процесор за храна изматете ги урмите и бадемите, додајте вода и сируп и пулсирајте додека не се исецкаат, додадете какао и пулсирајте уште малку за да се изедначи бојата.

Се печат во калап со дијаметар од 20 см, се става во замрзнувач 10 мин.

Фил:

* 300 гр индиски ореви (натопени и оставени во вода преку ноќ);
* 140 мл јаворов сируп:
* 1 конзерва (400 ml) полномасно кокосово млеко (само кремастиот дел);
* 5 супени лажици кокосово масло;

За бојата (зелен и розов дел):

* сок од малини (изгмечете грст свежи малини и процедете го сокот низ сито);
* 1/2 авокадо и 1 кафена лажица мача прав (може и без мача).

Подготовка:

Измешајте ги првите 4 состојки во крем. Одвојте една третина од филот. Оваа третина поделете ја на два дела – во првиот ставете кора од една лимета, половина авокадо и 1 шолја кафена лажичка мача во прав (тоа ќе биде зелениот дел), а во вториот дел исцеден сок од малина (розовиот дел). Остатокот ќе остане бел (бел дел).

Поединечно измешајте ги деловите. Истурете го зелениот дел и повторно ставете го во замрзнувач 30 минути, кога ќе се стврдне, истурете го белиот дел и ставете го во замрзнувач 30 минути, на крајот истурете го розовиот дел и вратете го во замрзнувач.

Кога ќе се стегне украсете по желба.

На здравје!

Поврзани вести

10 неодоливи коктели кои се направени од само две состојки

Urednik

Здрава чорба која го зајакнува имунитетот! Идеална во борбата против настинки

Urednik

Најдобрите солени стапчиња!

Urednik