СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Амазон повторно ангажира голем број на професионалци

Амазон објави дека планира да ангажира дополнителни 3.500 работници во градовите низ Соединетите држави. Овој потег го обврзува најголемиот гигант за онлајн трговија значително да го прошири деловниот простор во време кога другите во технолошката индустрија прифаќаат работа од далечина и го намалуваат канцеларискиот капацитет.

Новите ангажмани ќе придонесат во напорите на Амазон за понатамошен развој на работата во облак, рекламирање, дигитални асистенти, испорака на намирници и многу други области. Проширувањето на канцелариите ќе се случи во Њујорк, Далас, Детроит, Денвер, Феникс и Сан Диего, што ќе претставува инвестиција од 1,4 милијарди долари и повеќе од 905.000 квадратни метри дополнителен канцелариски простор.

Проширувањето во Њујорк доаѓа откако Амазон се откажа од плановите минатата година за изградба на втора централа во градот, поради спротивставување на локалното население. Овој потег е последниот пример за тоа како некои големи технолошки компании истовремено се обложуваат на иднината што вклучува канцелариска работа, додека продолжува да работи на развој на технологии кои ќе помогнат во работата од дома.

Со оглед на тоа што компаниите како „Твитер“ овозможија постојана работа од дома, пример „Гугл“ минимум до следната година, останува да се види како „Амазон“ ќе ја развива својата деловна култура спротивно на новите трендови.

Поврзани вести

Акциите на Apple скокнаа за повеќе од 4 проценти

msp-admin

Huawei и ZTE и официјално прогласени за закана за американската безбедност

msp-admin

Германскиот бизнис лут на Меркел поради бавното отворање на економијата

Влатко Зорба