СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Аналитичар: VW ќе ја земе круната од Tesla кај електричните автомобили до 2025 година

Производителот на автомобили Volkswagen Group, најверојатно, ќе ја преземе водечката позиција на американскиот концерн Tesla во производството и продажбата на електрични автомобили ширум светот во следните пет години, бидејќи огромната инвестиција на германската компанија во електрификација на портфолиото веќе почнува да се исплаќа, според консултантската компанија LMC.

Учеството на Tesla на глобалниот пазар на електрични возила се очекува да се намали од 20% во 2020 година на околу 10% во 2025 година, со пораст на VW од нешто под 10% во моментов на 15%, рече Пит Кели, управен директор на LMC, за време на Интернет конференција.

Пазарните удели на Ford Motor Co., Toyota Motor Corp. и Mercedes-Benz исто така се очекува значително да пораснат во следните неколку години.

„Tesla доминираше како бренд во изминатите пет години, но очигледно ова не може да продолжи“, рече Кели, осврнувајќи се на „нападот“ на новите електрични модели од групата VW и други големи германски концерни, како и од Toyota, која досега се фокусираше на хибридните возила и оние со водородни горивни ќелии, но веќе подготвува целосно електрични модели.

Во втората половина на 2020 година, VW го лансираше првото возило користејќи ја новата модуларна платформа на групата (MEB) – компактен хечбек ID.3. До крајот на годината, групата продаде повеќе од 54.000 примероци од овој модел во Европа, надминат само електричниот Renault Zoe, кој продаде повеќе од 99.000 примероци и Model 3 на Tesla, кој продаде повеќе од 85.000 примероци, според JATO Dynamics.

Набргу потоа, VW исто така го лансираше кросоверот ID.4, кој се очекува да го надмине по продажби на глобален план ID.3, нудејќи поконкурентна цена од моделот Y на Tesla.

Германскиот производител очекува да изгради вкупно 26 милиони електрични возила до 2030 година, од кои 19 милиони ќе бидат базирани на нејзината платформа MEB, а останатите 7 милиони – на новата архитектура PPE.

Останатите добитници

Целосно електричните возила останаа една од ретките светли точки во автомобилската индустрија за време на пандемијата во 2020 година, откако глобална продажба на овој сегмент се зголеми за 27%, додека вкупниот пазар се намали за 14%, рече Кели. Продажбата на електрични автомобили во Европа „ги надмина очекувањата“, потсетува тој, растејќи за 105%.

Независниот аналитичар Матијас Шмид изјави дека во 2020 година во Западна Европа се продадени 727.000 целосно електрични автомобили, двојно повеќе отколку во 2019 година.

LMC посочува дека производителите на автомобили се очекува да добијат значителен удел на пазарот во сегментот на електрични возила до 2025 година, вклучувајќи го и Daimler, чие учество ќе се зголеми од 2,5% во 2020 година на 5%; Toyota – од околу 1% до 5%; Ford – од скоро нула до 4 проценти; и GМ – од околу 2% до околу 5%.

Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi, која успеа да го освои европскиот пазар на електрични автомобили со Renault Zoe и Nissan Leaf,, се очекува да го задржи својот удел од 8% на пазарот, а Hyundai Motor Group има околу 7% од пазарот на електрични автомобили.

Кинеските производители, вклучително и SAIC и BYD, се очекува да го загубат уделот на пазарот со зголемувањето на продажбата на електрични возила во Северна Америка и Европа.

LMC очекува брзината на наметнување електрични возила да расте посилно од претходните прогнози поради успехот на Tesla и растечката пазарна капитализација на компанијата на Елон Маск, новите политики во рамките на Европската унија (ЕУ) и фокусот на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден на електрификација, напредок во производството на батерии и намалување на трошоците околу овој процес, како и распоредување на инфраструктура за полнење.

Поврзани вести

„Хуавеи“ задоволни од позицијата на македонскиот пазар, но оставаат можност за проширување на инвестициите

msp-admin

„Starlink“ на Маск добива конкуренција од Русија

msp-admin

ЕУ одобри милијарди евра помош за батерии

msp-admin