СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Гужви пред банки – Џек Ма делел по 30 долари на сите Кинези над 60 години

Постари Кинези се редеа пред банките во различни делови на земјата, откако се раширија гласини дека еден од нивните најбогати сонародници, Џек Ма, дели дел од своето богатство.

Веста дојде од група во „ВиЧат“, каде се тврди дека основачот на Алибаба, наводно, дава по 200 кинески јуани, еквивалентни на 30 американски долари, на сите луѓе над 60 години, се додека тоа можат да докажат кои се со личен документ.

Подарокот е поради кинеската Нова Година, која дојде пред само неколку дена, и ќе биде под знакот на волот, пишува Бизнис Инсајдер.

Гласини велат дека парите се во црвени пликови, што би донело успех во новата година.

Сепак, властите предупредија дека гласините можеби не се точни, а со тоа се навестува можна измама.

Џек Ма и порано даруваше дарежливи подароци за кинеската Нова година, но тоа го правеше главно преку неговите компании.

Во 2014 година, Alibaba дистрибуираше 99.999 купони преку WeChat за онлајн купување. Вредеа вкупно 990 000 јуани или 153 000 американски долари.

Две години подоцна, одделот за плаќање преку мобилни телефони на Alipay даде 120 милиони долари во промотивни понуди.

За последен пат во 2018 година, Alibaba во своја игра понуди „дигитален црвен плик“, која ги награди своите клиенти со околу 820 милиони долари.

На крајот на јануари, Ма се појави во јавноста за прв пат по скоро 3 месеци, во услови на регулаторни проблеми со кои се соочуваат неговите компании во Кина.

Ѕвездата претприемач Џек Ма и звучниот шамар од Пекинг

Во октомври даде изјава во која се чинеше дека ги критикува финансиските регулатори на земјата.

Ова се смета за една од причините за прекинување на првичната јавна понуда на акции на финтек компанијата на Ма – Ant Group, што се очекуваше да биде рекордна.

Поврзани вести

Твитовите на Маск мотивирале 40% од луѓето да инвестираат во криптовалути

Влатко Зорба

Легендарен дизајнер на „Порше“ ќе работи на автономниот автомобил на „Епл“

Влатко Зорба

Македонска игра собра над 260.000 долари на Kickstarter

msp-admin