СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ангеловска: Мерката 14.500 по вработен веќе врати отпуштени работници на работа

Мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен е добро дизајнирана и за неа се имаат пријавено околу 24.000 компании и околу 6.000 самостојни вршители на дејност.

Во гостување на телевизија 24 министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека е задоволна од одзивот на компаниите, како и дека има податоци дека изминатите неколку дека работодавачите вратиле околу 500 работени на работа за да ја користат мерката.

Ангеловска рече дека одзивот на фирмите е голем, а за колку работници станува збор, ќе се види кога компаниите ќе го пополнат мпин образецот. Во однос на компаниите од погодените индустрии како угостителство и туризам, Ангеловска рече дека најголем број од регистрираните фирми од оваа дејност се пријавени.

-Вкупно во угостителство и туризам има 4.400 субјекти регисрирано во државата, значи ако ги земете бројките од пријавените од овие сектори, најголем број се пријавиле за користење на мерката. Интересот на компанииите за мерката покажува дека таа била добро дизјанирана, дека компаниите се задоволни, заинтересирани да аплицираат. Ќе видиме точно колку работни места ќе поддржи мерката, кога ќе ги пополнат МПИН образците, но ни дава за право да кажеме дека ќе бидат заштитени голем број на работни места, што беше и целта на мерката. Ние очекувавме и калкулиравме дека мерката ќе заштити околу 200.000 работни места. – рече Ангеловска.

Поврзани вести

ПОСКАПЕ БЕНЗИНОТ ВО ГЕРМАНИЈА: Цените повисоки за 20 проценти од 1 јануари

Влатко Зорба

САД ќе принудува држави да престанат да соработуваат со Huawei?

msp-admin

Во тек е истрага против Reddit и Robinhood за манипулација на пазарот

Влатко Зорба