Реализацијата на буџетот во јули покажува дека заживувањето на економијата се одвива со добра динамика. Од почетокот на кризата во јули за прв пат забележуваме раст на вкупните приходи споредено со лани, сподели министерката за финансии, Нина Ангеловска.
„По реализацијата на вкупните приходи во јуни кои бележеа пад од -9.6% споредено со лани, кога рестриктивните мерки почнаа да се олабавуваат и економската активност да заживува, во јули вкупните приходи се повисоки за 1.4% споредено со јули минатата година.
Наплатата на приходите во јули е подобрена во однос на претходните месеци од почетокот на COVID-19 кризата, придонесите бележат раст од 12% и во јуни и во во јули, данокот на личен доход е на речиси исто ниво како лани, посочува министерката
ДДВ забележа раст од 1.2% во јули (падот од апр. од – 33.5% е беше ублажен на – 7.5% во јуни, додека во јули веќе имаме позивен резултат),а даночните приходи бележат пад од -1.7% што е значајно подобрување споредено со јуни кога бележеа пад од -14.5%, мај -28% и април -31%.
„Ефектите од економските мерки насочени за заштита на работните места, за поттикнување на приватната потрошувачка, за подобрување на ликвидноста и премостување и надминување на последиците од ковид кризата даваат резултати и тоа се огледа во реализацијата на придонесите, данокот на личен доход, данокот на додадена вредност“, додава Ангеловска.