СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Apple ќе произведува и дистрибуира неделно еден милион визири за медицински професионалци

Извршниот директор на Apple, Тим Кук објави на Твитер дека компанијата одлучила да произведува и дистрибуира заштитни визири за медицински професионалци.

Како што пренесува The Verge, Apple собрала дизајнери за производот, како и инженери и тимови за пакување и дистрибуција.

Тим Кук ги потврди овие нови информации во видеото на Твитер на кое се гледа еден од визирите.

Apple исто така собра повеќе од 20 милиони заштитни маски и е во комуникација со државните влади за да ги достави таму каде што е потребно.

Зборувајќи за визирите, Кук истакна дека првата испорака веќе била направена минатата недела во болниците Кајзер во долината Санта Клара во САД и дека одговорот од лекарите е позитивен.

„Во пакетите што ги испраќаме има 100 визири и секој се собира за помалку од две минути и може да се прилагоди во целост. Материјалите за производство се набавени во САД и Кина“, додаде Кук.

Apple планира да испорача повеќе од еден милион визири до крајот на оваа недела и по еден милион секоја, се вели во порталот.

Поврзани вести

„Глобал Портс“ размислува да го продаде својот удел во „Port of Adria“

Влатко Зорба

Apple ги затвори продавниците во Кина поради коронавирусот

msp-admin

Доларот на најниско ниво во последниве 2 години

msp-admin