СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„ИКЕА“ влегува во банкарскиот бизнис

Сопственикот на продавницата „ИКЕА“, групацијата „Ингка“, денес објави дека купува 49 проценти од акциите на компанијата за финансиски услуги „Икано банка“.

Интересно, групата „Икано“, која е сопственик на „Икано банка“, беше одделена од „ИКЕА“ уште во 1988 година, а компанијата ја водеа синовите на основачот на „ИКЕА“, Ингвар Кампрад.

Компанијата обезбедува финансиски услуги на клиенти на „ИКЕА“ на осум пазари, како и други услуги на потрошувачко банкарство. Портпаролот на инвестициската подружница на „Ингка“, „Ингка Инвестментс“, рече дека кредитирањето на клиентите на „ИКЕА“ претставува околу една четвртина од вкупниот бизнис на банката.

Целосните финансиски услови на зделката не се објавени. „Ингка“ рече дека акциите се стекнати со издавање нови акции од страна на „Икано банка“, со можност за купување на пеостанатите акции на подоцнежен датум.

„Ова е поголемо од претходните аквизиции направени од „Ингка Инвестментс“, рече портпаролот.

Од „Ингка“ додаваат дека нејзината сосопственост во банката ќе го „максимизиа потенцијалот“ на нејзиниот постоечки однос со „Икано банка“, додавајќи дека нејзините дигитални финансиски услуги за клиентите на „ИКЕА“ ќе бидат достапни преку Интернет и во продавниците.

„Ова е круцијален чекор во финансиските услуги, клучен дел од патувањето на групата „Ингка“ за да ја направи „ИКЕА“ подостапна и поодржлива“, се вели во е-поштата.

Договорот е предмет на регулаторно одобрување.

Почнувајќи од 2017 година со купување на платформата ТаскРабит, „ИнгкаИнвестментс“ купува стартапи кои можат да и помогнат на „ИКЕА“ да ја забрза дигиталната трансформација, да ги подобри услугите и да стане поодржлива.

Нејзиното портфолио исто така вклучува обновлива енергија, шуми и недвижнини.

Поврзани вести

БДИ: Германската економија годинава ќе порасне 3,5 проценти

Влатко Зорба

Битолска млекара предвремено го плати данокот на добивка во вредност од 15 милиони денари

msp-admin

Најбогатите во светот изгубија 139 милијарди долари за само еден ден

msp-admin