СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Азески: Преку заеднички проекти до 1,5 милијарди долари трговска размена

Од витален интерес за бизнисмените во регионот е да обезбедат слободно движење на стоки и услуги меѓу економиите на Западен Балкан со цел да се намалат трошоците и да се зголеми конкурентноста на нивните производи на глобалниот пазар, вели во интервју за „Вечерни новости“ Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Северна Македонија.

Добрите економски и билатерални односи меѓу Србија и Македонија може дополнително да се унапредат со јакнење на динамиката и темпото на работа за изедначување на деловното опкружување и постигнување поголема вредност на регионот како една дестинација за инвестирање пред меѓународните пазари и институции, вели Азески.

Србија е трет трговски партнер на Македонија, веднаш зад Германија и Велика Британија. Во 2020 година реализирана е трговска размена меѓу двете земји во вредност од 781,4 милиони долари што е за 8,6% помалку поради корона кризата.

„Постои голем потенцијал за зајакнување на соработката меѓу бизнис секторот, особено во областа на иновациите, новите технологии, подобрувањето на услугите и производите за полесен пристап до трети пазари.

Традиционалните сектори во кои економските врски се добри, но исто така можат да бидат и поинтензивни, се земјоделско-прехранбената, металната и електричната индустрија, како и фармацијата.

Охрабрувачки е податокот дека во првите месеци од 2021 година трговијата расте. Целта е да се удвои и да се врати на нивото од 2008 година, кога била реализирана трговска размена во вкупна вредност од 1,5 милијарди долари“, констатира Азески.

„Ова може да се направи преку заеднички проекти и заеднички инвестиции на сродни компании од двете земји, преку унапредување и продлабочување на економската соработка.

Еден од општите предуслови за поттикнување и продлабочување на трговско-економската соработка во регионот е развиената патна и железничка инфраструктура, како што е автопатот низ Грделичката клисура и изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица. Претстои реконструкција на железничките линии, што ќе овозможи забрзан проток на луѓе и стоки“, рече Азески.

Поврзани вести

Луксузните брендови ги зголемија цените за да го надоместат изгубеното поради затворањето на продавниците

msp-admin

Доделени грантови од страна на Советот за регионална соработка

Антевски: Зголемувањето на бројот на вработени доведе до зголемување на производството за рекордни 65% во 2020 година

Влатко Зорба