СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бајден го зголемува данокот на најбогатите Американци

Американскиот претседател Џо Бајден сака да го зголеми данокот на капитален приход за 0,3 проценти на најбогатите Американци, потврди во понеделникот Белата куќа.

Зголемувањето на данокот е дел од фискалната реформа насочена кон „наградување на работата, не само на богатството“, рече Брајан Дис, главниот економски советник на претседателот Бајден, според порталот „СЕЕбиз“.

Според нацрт-реформата, за која сигурно ќе се води жестока борба во Конгресот, промените ќе влијаат само на оние даночни обврзници кои заработуваат повеќе од милион долари годишно, објасни тој.

Според него, околу 500.000 домаќинства би биле погодени од реформата.

„За 997 домаќинства од 1.000, таа промена нема да има влијание“, нагласи тој.

Според повеќе американски медиуми, стапката на данок може да биде скоро двојно поголема, од 20 на 39,6 проценти.

Фискалната реформа има за цел, меѓу другото, да го финансира „Американскиот план за семејства“, збир на инвестиции насочени кон децата, семејствата и здравјето и чии главни упатства Бајден треба да ги презентира во среда навечер, во неговиот прв говор во Конгресот.

Поврзани вести

За над 605% зголемени загубите во угостителството

msp-admin

Македонија лани потрошила над 152 милиони долари на увоз на лекови

msp-admin

Премиерлигашите за само една година направиле долг од над 1.000.000.000 евра

Влатко Зорба