СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Банкарските гиганти ги „напуштаат“ производителите на фосилни горива

Водечките светски банки го намалија финансирањето на производителите на фосилни горива за девет проценти во пандемиската 2020 година, по тригодишен период на раст, покажаа истражувањата.

Минатата година, 60 водечки банки обезбедија повеќе од 750 милијарди американски долари за компании со фосилни горива, вкупно 2.300, се вели во извештајот на Rainforest Action Network, Reclaim Finance, Oil Change International и други невладини организации.

Во 2019 година тие собраа 824 милијарди долари за нив, утврдија организациите, објаснувајќи дека износите вклучуваат заеми и гаранции за издавање на обврзници и акции.

Најголемите износи минатата година им биле дадени на производителите на фосилни горива од американските JPMorgan Chase и Citi, вкупно 51,3 милијарди и 48,39 милијарди долари, соодветно.

Главната причина за намаленото финансирање на производителите на фосилни горива во 2020 година се рекордно ниските инвестиции во овој сектор, бидејќи пандемијата силно ја погоди побарувачката на горива, посочуваат авторите на извештајот.

Парискиот договор за клима е потпишан во 2015 година, а од 2016 до 2019 година, заемите пораснаа помеѓу 4,4 и 5,5 проценти годишно, забележуваат тие.

„И покрај значителниот пад од 2019 до 2020 година, вкупниот тренд во последните пет години дефинитивно оди во погрешна насока“, заклучува извештајот.

„Треба да изградиме свет во кој, дури и без пандемија, производството на фосилни горива во следната деценија ќе паѓа од година во година толку брзо како во 2020 година, но овој пат преку промислено управување“, додаде тој.

Темпото на банкарско финансирање за компании со високи емисии е се повеќе во центарот на вниманието, бидејќи инвеститорите бараат повеќе детали за плановите за управување со ризиците поврзани со климата и можностите во нивните финансиски портфолија, објаснува Ројтерс.

Поврзани вести

Закерберг ги потврди пропустите на „Фејсбук“ за време на претседателските избори во САД во 2016-та

msp-admin

Профитот на ОКТА во вториот квартал со знаци на закрепнување

msp-admin

ЕУ би можела да ги присили Apple да користaт USB-Type-C конектор во iPhone

msp-admin