Трговци, авиокомпании, ресторани … Производители на нафта, трговски центар и сопственици на спортски сали … Ова се само некои од стотиците компании кои прогласија банкрот во 2020 година и делумно го обвинија Ковид-19 за нивната смрт.
Многумина беа во длабоки финансиски проблеми дури и пред да започне „локдаунот“, некои едноставно се обидоа да се ослободат од огромните натрупани обврски, а некои истакнуваат дека само короната придонесе за нивните финансиски проблеми.
Повеќето ќе се обидат да се реорганизираат, сепак, огромното мнозинство ќе остане засекогаш затворено. Постојат такви компании низ целиот свет, и во Европа и на Балканот, но во Америка, се чини најмногу.
„Блумберг“ состави список на банкроти што се однесуваат на американскиот пазар, а еве кои не успеаја:
Park Avenue Leather Goods
Galiciapoke
Occasion Brands
New York & Co.
Two Keys Tavern
American Addiction Centers
Bounce For Fun
Sugarloaf Craft Festivals
Northern Bear
Specialty’s Cafe & Bakery
Gold’s Gym International
The Roman Catholic Church for the Archdiocese of New Orleans
Klausner Lumber
United Cannabis
Alpha Entertainment (XFL)
Ravn Air
Сепак, огромното мнозинство се мали и средни претпријатија расфрлани низ целата земја.
Нивниот пад можеби нема да привлече големо внимание, но го потенцира целиот обем на штетата што Ковид-19 и ја нанесе на економијата.