Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ поевтинуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 58,50 денари за литар, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 60,50 денари.
Дизелот Еуродизел (Д-Е V) и оваа недела ќе се продава по 50,50 денари за литар, додека литар Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 50 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,184 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,938 ден/кг.