СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар

За еден денар од полноќ поскапуваат нафтените деривати, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според најновата одлука на РКЕ, во следните седум дена цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 62,50 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 52 ден/лит.

Поскапо за еден денар ќе биде и Екстра лесното масло за домаќинство. Неговата нова цена ќе биде 41 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,510 ден/кг во однос на претходно утврдената цена со што тој ќе се продава по 25,396 ден/кг.

Зголемувањето се должи на поскапувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

Поврзани вести

Постигнат договор: Емиратите го окончаа бојкотот на Израел

msp-admin

Германија ќе ги чувствува ефектите од пандемијата барем до 2025 година

Влатко Зорба

Пандемијата за прв пат не е најголем ризик за инвеститорите

Влатко Зорба