СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Германија ќе ги чувствува ефектите од пандемијата барем до 2025 година

Германската економија ќе ги чувствува ефектите од пандемијата на коронавирус најмалку до 2025 година, објави во понеделникот Институтот за истражување за вработување (ИАБ).

Стапката на економски раст во следните пет години ќе се намали за 0,6 процентни поени како резултат на корона-кризата, рече коавторот на ИАБ, Енцо Вебер.

Пазарот на трудот, од друга страна, се соочува со долгорочен пад на бројот на вработени, за околу нето 200 илјади до 2025 година, додаде тој.

Долгорочните последици од пандемијата најмногу ќе ги погодат малопродажбата, деловните услуги, угостителството, транспортот и авијацијата, предупредува ИАБ.

Се очекуваат позитивни ефекти во секторите информатичка технологија (ИТ), јавни услуги и фармацевтски производи.

Оттаму предвидуваат дека, поврзано со пандемијата, ќе бидат укинати вкупно 500.000 работни места и треба да се отворат 300.000 работни места.

Пандемијата предизвика криза, што потикна драматични промени, рече Вебер, повикувајќи фокусот да биде насочен на обука и создавање нови работни места за надминување на кризата.

Одделно, неодамнешното истражување на институтот Ифо за економски истражувања покажа дека оптимизмот во клучната германска автомобилска индустрија во врска со следните месеци значително се зајакна во февруари, по мрачниот зимски период.

Индексот на Ифо за очекувања за наредните месеци скокна за 15,1 поени, на 37 поени, објави институтот во понеделникот.

Индексот на очекувања на производството се зголеми уште посилно, на 35,3 поени, од минус 0,5 поени во јануари.

„Во моментов, производителите на автомобили се уште се заглавени во зима, но со нетрпение ја очекуваат пролетта“, рече водачот на истражување во „Ифо“, Клаус Волрабе.

„Автомобилската индустрија сега е добро расположена со очекувања поврзани со странските пазари“, додаде тој.

Производителите на автомобили предвидуваат раст на извозот, и покрај пандемијата.

Сепак, тие предупредуваат дека ќе бидат потребни помалку работници за да се заврши работата, така што може да се очекуваат отпуштања.

Нивните проценки за моменталната состојба се уште се претежно негативни, така што соодветниот индекс на Ифо остана во негативна територија во февруари, минус 2,3 поени. Во јануари беше минус 7,7 поени.

Поврзани вести

Понуди за Чебрен од десет големи светски енергетски и градежни компании

Никола Поповски

Уделот на доларот во глобалните девизни резерви на најниско ниво во последните 25 години

Влатко Зорба

Бизнис Акцелераторот УКИМ домаќин на лабораторијата за иновации на Дојче Телеком од Германија

msp-admin