СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Битолска млекара обезбеди финансиска поддршка за Министерство за здравство за сервис на апаратите за респираторна нега

Битолска млекара излезе пресрет и обезбеди финансиска помош за ургентните потреби на Министерството за здравство за сервис и репарација на апаратите за респираторна нега, коишто се потребни за Инфективната клиника во Скопје.

„Моменталната ситуација и кризата КОВИД 19 го сврти нашиот фокус кон напорите на здравствените работници и донацијата ја упативме до Министерството за здравство во делот каде е најпотребна, за обезбедување соодветна и функционална апаратура. Сите сме свесни дека во овој момент многу е тешко да се набават овие апарати за респираторна нега, па од голема важност е нивното одржување и добро функционирање, со цел да им помогнеме на оние на кои им е најтешко“, изјави генералниот директор на Бимилк, Ѓорѓи Петрушев.

Поврзани вести

После „Белград на вода“, „Eagle Hills“ инвестира и во Хрватска

Влатко Зорба

Грција шампион во ОИЕ на Балканот во изминатата година

Влатко Зорба

Лагард: Пандемијата длабоко ќе ја смени светската економија

msp-admin