BMW објави дека има намера да ја дуплира продажбата на целосно електрични возила во 2021 година, пренесува Ројтерс.
Вклучувајќи ги plug-in хибридите, се планира да се зголеми продажбата на електрични возила за 50 проценти.
Тие не објавија специфични бројки за продажба на нивните целосно електрични возила, но BMW објави во вторникот дека минатата година продал близу 193.000 електрични возила – целосно електрични и plug-in хибриди.
За споредба, Tesla испорача нешто помалку од 500.000 целосно електрични возила на клиентите во 2020 година.
Групата BMW во моментов произведува тринаесет електрифицирани модели – или целосно електрични или plug-in хибриди – кои се продаваат на 74 пазари.