СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Брент надмина 70 долари за барел, највисока цена во последниве 2 години

Северноморската нафта Брент ја надмина цената од 70 долари за барел денес, првпат од почетокот на пандемијата „Ковид-19“, а американската нафта достигна највисоко ниво по повеќе од две години, по извештаите на медиумите за напади врз нафтената инфраструктура на Саудиска Арабија.

Цената на фјучерсите на Брент за испорака во мај минатата ноќ беше 71,38 долари за барел во азиското тргување, што е највисоко ниво од 8 јануари 2020 година, по што се спушти на 70,96 долари околу 06:11 по средноевропско време, што е пораст од 1,60 долари или 2,3 проценти во однос на претходната трговска сесија, пренесе Ројтерс.

Американската сурова нафта ВТИ за испорака во април порасна за 1,47 долари или 2,2 проценти, на 67,56 долари за барел. Пред тоа, на фјучерс тргување за еден месец однапред, неговата цена го допре нивото од 67,98 долари, највисока од октомври 2018 година.

Азиските акции се зголемија и откако американскиот Сенат донесе закон за пакет поддршка за економијата и граѓаните вреден 1,9 милијарди долари, на што придонесоа и позитивните економски податоци од САД и Кина, кои укажуваат на глобално закрепнување на економијата.

Силите на јеменските Хуту истрелаа ракети и напаѓаа беспилотни летала во срцето на саудиската нафтена индустрија, вклучително и фабриката „Сауди Арамко“ во Рас Танура, што е од витално значење за извозот на нафта, а Ријад оцени дека станува збор за неуспешен напад врз глобалната енергетска безбедност.

„Можно е во блиска иднина да видиме остар скок на пазарот на нафта, пред се затоа што пазарот сега ќе мора да вклучи во цената и еден вид премија за ризик поради фреквенцијата на овие напади“, велат аналитичарите на ИНГ банка, истакнувајќи дека ова е втор напад овој месец по инцидентот во Џеда на 4 март.

Цените на нафтата Брент и ВТИ се четврти последователен ден на раст по одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници да останат на намалено снабдување и во април.

Испораките на „црно злато“ во Кина во првите два месеци од 2021 година се зголемија за 4,1 процент во споредба со истиот период минатата година, бидејќи најголемиот увозник на овој извор на енергија во светот го зголеми својот капацитет за обработка поради натамошниот раст на побарувачката за гориво.

Поврзани вести

Фејсбук изгуби 53 милијарди долари во вредност по најавените промени во политиката

msp-admin

Кина му објави војна на својот најбогат граѓанин

Никола Поповски

Лукавиот план на Марк Цукерберг за иднината на Фејсбук

msp-admin