СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бесими: Јавниот долг во функција на економскиот раст

Неделава Република Северна Македонија излезе на меѓународниот пазар на капитал и ја издаде осмата еврообврзница. Оваа аукција беше вистински успех за нас, бидејќи покажа дека меѓународните инвеститори имаат голема доверба во нашата економија, како и во нејзината перспектива. Огромниот интерес на инвеститорите за еврообврзницата (за 2,3 пати повисок од понудата), како и постигнатата каматна стапка од 1,625% – која е историски најниска, говорат дека политиките кои се спроведуваат се високо вреднувани и дека инвеститорите ја сметаат нашата економија за нискоризична, вели во својата колумна министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Споредбено гледано, просекот на каматите од сите претходно издадени еврвообврзници изнесува 5,05% и е за 3,1 пати повисок од оваа камата на последната еврообврзница. Ние сме членка на НАТО, пред отворање на преговори за членство во ЕУ со стабилна политичка клима и релаксирани меѓуетнички односи, со кредибилни економски политики со јасна поставена среднорочна перспектива за фискална консолидација и раст, кои влијаат на довербата кај инвеститорите, дури и во услови на пандемија. Успехот во издавањето на осмата еврообврзница, исто така, беше резултат на неисцрпната работа на професионалната администрација во Mинистерството за финансии, кои директно беа вклучени во процесот на подготовка на издавањето на еврообврзницата и конозорциумот на светски реномирани банки кои не’ поддржаа во овој процес, како и сите ресорни министерства и институции кои дадоа свој придонес во подготовката на Проспектот за профилот на нашата економија.

Осмата еврообврзница е специфична по тоа што се издава во време на најголемата светска економска криза предизвикана од КОВИД, a притоа е постигната најниска камата во однос на сите претходно издадени еврообврзници и пониска од земјите од регионот и некои членки на ЕУ со подобар кредитен рејтинг во овој период (гледано како годишен расход во буџетот по основ на исплата на камата, без оглед на различната рочност на обврзниците).

На прес-конференцијата на која дадов отчет за аукцијата на осмата еврообврзница, добив едно многу интересно новинарско прашање – дали ќе бев за издавање на еврообврзница доколку не бев министер за финансии. Поттикнат од ова прашање, за кое сметам дека е потребно многу повеќе од неколку минути за да се елаборира колку што беа тогаш на располагање, ги ставив на хартија моите размислувања за државните хартии од вредност, јавниот долг и неговата функција во развојот на економијата, како и ризиците кои ги носи.

Целата колумна на следниот линк!

Поврзани вести

Домаќинствата кои имаат помали приходи ќе добиваат поголеми субвенции за струја

Влатко Зорба

Димковски: Регионалната соработка е клучна во справувањето со последиците од пандемијата врз земјоделството

Влатко Зорба

Пад на акциите на Волстрит