СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бројот на невработени во ЕУ е зголемен за скоро 2 милиони за една година

Стапката на невработеност во еврозоната остана стабилна на 8,3 проценти во декември минатата година во споредба со претходниот месец, според сезонски прилагодените податоци, додека таа значително се зголеми во споредба со декември 2019 година, кога беше 7,4 проценти, соопшти Институтот за статистика на ЕУ, Евростат.

На ниво на цела ЕУ, стапката на невработеност во декември беше 7,5 проценти, исто така непроменета во споредба со ноември, но значително поголема од 6,5 проценти во истиот месец во 2019 година, објави веб-страницата на Евростат.

Според статистичарите на ЕУ, во декември имало 16 милиони невработени мажи и жени на ниво на 27-члениот блок, од кои 13,67 милиони во еврозоната.

Во споредба со декември 2019 година, бројот на невработени во Унијата се зголеми за 1,95 милиони луѓе, а во еврозоната за 1,51 милиони.

Кога станува збор за млади луѓе на возраст под 25 години, стапката на невработеност во ЕУ се искачи на 17,8 проценти во декември од 17,5 проценти една година порано, а во зоната на единствена валута се зголеми од 18,1 на 18,5 проценти во наведениот период.

Во ЕУ, 3,13 милиони млади луѓе беа невработени во декември, од кои 2,59 милиони во еврозоната.

Поврзани вести

Еден од најбогатите Кинези држен како заложник во неговиот дом

msp-admin

Пандемијата предизвикала економска штета од 10 ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ

Влатко Зорба

Продажбата на автомобили во ЕУ ќе биде за 25 проценти помала оваа година

msp-admin