СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Цената на бакарот на осумгодишен максимум – 8.270 долари

Европските акции денес достигнаа едногодишен максимум.

Причината е што акциите на рударските компании го следеа скокот на цените на бакарот, но и поради зајакнувањето на оптимизмот на пазарот во врска со американскиот пакет мерки за стимулација и очекуваното побрзо закрепнување на глобалната економија оваа година.

Пан-европскиот индекс STOX 600 порасна 0,7 проценти, поддржан од зголемувањето на акциите на Рио Тинто, БХП групацијата и компанијата Англо-Американ, бидејќи цените на бакарот скокнаа на највисоко ниво во последниве осум години, пренесува Ројтерс.

Според последните податоци на лондонската берза за метали, бакарот се тргува по 8.270,50 долари за тон, во споредба со декемвриското ниво од 8.024 долари.

Историскиот паричен и фискален стимул му помогна на STOKS 600 да се опорави за 55% од падот на најниско ниво во последниве седум години во март 2020 година, но сепак заостанува зад американскиот S&P 500 поради продолжените мерки за заклучување воведени во Европа за контрола на ширење на коронавирус.

Акциите на банките и енергетските компании исто така растат, бидејќи таканаречената „трговија за обновување“ предизвика побарувачка за овие сектори, кои котираа послабо по почетокот на пандемијата на коронавирус на почетокот на 2020 година.

Оптимизмот на европските берзи го „поттикна“ и американскиот претседател Џо Бајден, кој во петокот им се обрати на група демократски и републикански локални претставници за помош во врска со неговиот пакет за поддршка на економијата и граѓаните, вреден 1,9 трилиони долари.

Обемот на тргување на берзите денес се очекува да остане слаб, бидејќи пазарите во Кина, Хонг Конг и САД се затворени поради националните празници.

Поврзани вести

Туристичките водичи останаа без приходи и помош

msp-admin

Хуавеи: Одлуката на Шведска за 5Г опремата e без основа

msp-admin

BMW очекува жешко лето со многу нови модели

Влатко Зорба