СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Цената на паладиумот достигна рекордно ниво

Цената на паладиумот денес достигна рекордно ниво, надминувајќи ја границата од 3.000 долари за прв пат во историјата.

Поскапувањето се должеше на верувањето на трговците и инвеститорите дека проблемите со снабдувањето со овој благороден метал ќе продолжат.

Цената на паладиумот се зголеми за дури 22 проценти од почетокот на годинава, особено минатиот месец кога најголемиот светски производител на паладиум „Норникл“ објави дека ќе го затвори рудникот поради поплава.

Цената на паладиумот се зголеми за 0,95 проценти, на 2.986,34 долари за унца во 4:57 часот наутро по источно време, откако неколку минути претходно достигна највисоко ниво од 3.011,62 долари за унца.

Поврзани вести

Тим Кук навести дека Apple влегува во проект за автономни автомобили

Влатко Зорба

Германските компании предвидуваат ограничување на работењето до септември

Влатко Зорба

LG се повлече од смартфон пазарот

Влатко Зорба