СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Д-р Мартенс“ „прошета“ на берзата во голем стил

Познатиот бренд за обувки „Д-р Мартенс“, популарен меѓу рок генерацијата, денес имаше првична јавна понуда (ИПО) на Лондонската берза во голем стил.

Имено, тој привлече голем интерес од инвеститорите, кои ја проценуваа компанијата на 3,7 милијарди фунти, или над пет милијарди долари.

Според Ројтерс, по отворањето на тргувањето, цената на акцијата на „Д-р Мартенс“ скокна за 19 проценти. Со ИПО, компанијата собра 1,3 милијарди фунти откако продаде акции во горниот опсег на цени, по 370 пени.

Според изјавата, инвеститорите му понудиле на „Д-р Мартенс“ осум пати поголем капитал од бараната сума. Компанијата продаде 350 милиони акции и има право да продаде дополнителни 52,5 милиони поради големата побарувачка. Доколку продаде дополнителни акции, тогаш 40,3 проценти од уделот на компанијата ќе котираат на берзата. „Голдман Сакс“, „Морган Стенли“, „Баркли“, „ХСБЦ“, „Банка на Америка“ и „РБЦ Европа“ учествуваа во подготовката на ИПО.

„Д-р Мартенс“ е првиот кандидат што е вклучен на британскиот пазар на капитал оваа година, по катастрофалната 2020 година, при што обемот на ИПО значително опадна заради избувнувањето на пандемијата што силно ги погоди водечките светски економии.

Мнозинскиот сопственик на „Д-р Мартенс“, „Пермира“, која ја купи компанијата во 2014 година за 380 милиони евра, има посебни причини за задоволство од успешното ИПО.

„Воодушевени сме од нивото на интерес, посветеност и поддршка од овој избор на високо квалитетни институционални инвеститори“, рече извршниот директор Кени Вилсон.

Поврзани вести

Lenovo ја зацврсти водечката позиција на глобалниот пазар на компјутери

Влатко Зорба

Дали е исплатливо предвреме да се отплати кредитот?

msp-admin

Европски пазари: Инвеститорите претпазливи, индексите стагнираат

Влатко Зорба