СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Колку губи глобалната трговија од коронавирусот?

Глобалната трговија ќе претрпи огромни загуби заради епидемијата на коронавирус која веќе се рашири низ целиот свет. За само една четвртина, загубите ќе бидат сразмерни со ефектите од трговската војна САД-Кина за 2019 година.

Експертите на „Euler Hermеs“ проценуваат 320 милијарди долари загуби во првата четвртина поради коронавирусот. Падот е 2,5%, во однос на истиот период лани, се вели во анализата.

161 милијарди долари помалку ќе се реализира од извозот на стоки, повеќето од нив заради намалената побарувачка во Кина, а забележителен пад веќе се чувствува во Италија и во другите европски земји. 125 милијарди долари ќе биде ударот за туризмот и 33 милијарди долари за транспортот.

Според аналитичарите, ваквите загуби само за четвртина ќе бидат сразмерни со ефектите од студената војна меѓу САД и Кина во текот на 2019 година.

Иако од „Euler Hermеs“ ги очекуваат првите знаци на нормализација во април, прогнозата за вториот квартал на 2020 година, исто така, останува негативна – пад од 1% во однос на истиот период лани.

Закрепнувањето се очекува да биде постепено и да одземе време.

Поврзани вести

Grawe станува мнозински акционер во Еуролинк осигурување

msp-admin

Германските банки почнаа да ги одбиваат парите на штедачите

Влатко Зорба

Усје со добивка од 191,6 милиони денари го заврши првото тримесечје

msp-admin