СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Од „Фајзер“ до „Модерна“: Во која насока се движат акциите на водечките компании во борбата против Ковид?

По тешката 2020 година и околу 2,6 милиони смртни случаи од Ковид-19, на почетокот на тековната година започна масовната вакцинација.

Во играта има многу компании кои интензивно работеа на развој, производство и дистрибуција на вакцини претходните месеци, а меѓу нив се и „Синофарм“ (Кина), „Спутник Ве“ (Русија), потоа партнерите „Фајзер“ (САД) и „БајоНТек“ (Германија), „Модерна“ (САД), „АстраЗенека“ (британско-шведска вакцина) итн.

Британски „Гардијан“ спроведе подетална анализа за тоа колку напредуваа сите овие компании во 2020 година, иако не ги вклучи акциите на „Синофарм“ и „Спутник“ во овој извештај. Според податоците што ги добија, акциите значително се зголемиле во компанијата „БајоНТек“, за цели 156% во претходните 12 месеци.

Кај неговиот партнер „Фајзер“, таа промена е + 1,8 проценти. Моментално очекуваната добивка од продажбата на двата гиганти, во 2021 година, е 15 милијарди долари, а таа бројка може да биде двојно поголема, доколку „Бајонтек“ и „Фајзер“ испорачаат 2 милијарди дози оваа година.

„Модерна“ ја произведува вакцината mRNA и очекува да заработи помеѓу 18 и 20 милијарди долари оваа година. Велика Британија нарача 17 милиони дози на оваа американска компанија, а ЕУ 310 милиони, и уште потенцијални 150 милиони дози за 2022 година. Цената на акцијата се промени за +372 проценти во последните 12 месеци.

Во американската мултинационална компанија „Џонсон и Џонсон“, цената на акцијата се промени +7,7 проценти, а предвидената заработка од продажба во 2021 година изнесува 10 милијарди долари. Повеќето нарачки доаѓаа од матичните САД, а потоа следуваа Велика Британија и Европската унија.

Таканаречената „Оксфордска вакцина“, произведена од „АстраЗенека“, главно се дистрибуира во Британија (100 милиони), ЕУ (до 400 милиони), САД (300 милиони) и Јапонија (120 милиони). Цената на акцијата на оваа компанија се промени нагоре, за 8,6 проценти, во претходните 12 месеци.

Кинеската компанија „Синовак Бајотек“ очекува приход од продажба во милијарди долари, но нема прецизни податоци, сепак, акциите се променија во опсег од -21.6 проценти. Германски „КјурВак“ треба да ги објави најновите резултати од студијата поврзани со вакцината против mRNA во април оваа година. Цената на нивната акција се промени на + 45,5%.

„Новавакс“ е компанија од САД, основана во 1987 година. Во последните 12 месеци цените на нивните акции се променија на ниво од 1,128%, а во 2021 година предвидуваат дека ќе заработат „неколку милијарди долари“. Вакцината на оваа компанија најмногу ја нарачаа Велика Британија, ЕУ, Канада и Австралија.

Поврзани вести

Европските компании не се доволно амбициозни да ги намалат штетните гасови

Влатко Зорба

Приходите на компанијата Дизни опаднаа за 91 отсто заради коронавирусот

Во јуни повисоки трошоците на живот и цените на мало