СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Дарежлива помош за 5 сектори: Оваа европска земја има мисија да спречи ширење на сиромаштија

Италијанската влада усвои нов пакет мерки за помош на најпогодените од економската криза предизвикана од пандемијата Ковид-19.

Според локален весник, помошта од 32 милијарди евра ќе биде дистрибуирана до производствениот сектор, здравството – за набавка на вакцини, образование, култура, земјоделство.

Коалициската влада, исто така, усвои, по неколкучасовни преговори меѓу идеолошки различни партнери, да се отпишат долговите заради неплатени даноци кон државата, оние што се однесуваат на периодот од 2000 до 2010 година, но само до износот од 5.000 евра, на оние чиј годишен приход не надминува 30.000 евра.

– Ова не е време кога се бараат пари, туку кога се даваат пари – ја објасни одлуката премиерот Марио Драги.

Владата вети дека ќе размисли за поефикасна наплата на даноците бидејќи има милиони случаи на неплатени даноци, нерешени една деценија.

Одлуката за простување на долгот врз основа на неплатени даноци предизвика контроверзии, не само во рамките на коалициските партнери во владата, туку и меѓу граѓаните: оние кои уредно си плаќаат, протестираат.

Според премиерот, ова е само делумна помош како одговор на сиромаштијата што се шири поради пандемијата и економската криза што ја придружува, но тоа е максимумот што можеше да го стори владата во овој момент.

Поврзани вести

Маск: Ако нашите возила ја шпионираат Кина, ќе ја затвориме „Тесла“

Влатко Зорба

„Тиквеш“: Откупните цени за грозјето се повисоки за да не отпуштаме работници и да може да опстоиме како винарија

msp-admin

Brainster ја доби Националната награда за најинвентивна општествено одговорна практика за 2019

msp-admin