СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Делови од ракетата „Фалкон 9“ завршија на фарма

Запалениот дел од ракета на „Спејс Икс“ паднал на фарма во северозападната американска држава Вашингтон, објавија американските власти.

Делови од ракетата беа забележани како поминуваат преку небото близу северозападот на Америка, на Пацификот, минатата недела. По настаните од 25 март, земјоделец го најде скоро целиот дел од ракетата во своето приватно поле, објави „Tri-City Herald“.

Парче од околу 1,5 метри направи вдлабнатина од скоро 10 сантиметри во земјата, рече шерифот на округот Грант каде што паднал делот и додаде дека никој не е повреден.

Националната метеоролошка служба во Сиетл објави дека сјајните предмети на небото што многу луѓе ги пријавија на 25 март се остатоци од втората фаза на ракетата „Фалкон 9“ на „Спејсекс“, кои оставаат траги како комета додека горат кога повторно влегуваат во Земјината атмосфера

Земјоделецот се сомневал дека ѓубрето може да биде дел од ракетата и оставил порака во канцеларијата на шерифот, кој потоа контактирал со официјалните лица на „Спејс Икс“. Оттаму потврдиле дека е дел од ракетата и во меѓувреме ја земале.

„Фалкон 9“ е двофазна ракета дизајнирана од компанијата на Елон Маск за да пренесува луѓе и товар во орбитата на Земјата и пошироко, се наведува на веб-страницата на компанијата.

Како што се додава, ракетата досега има 111 лансирање и 71 слетување.

Поврзани вести

Alphabet заработи 55,3 милијарди долари во првиот квартал од оваа година

Влатко Зорба

Електричниот седан BMW i4 е зачудувачки (ВИДЕО)

msp-admin

Возачите на Uber имаат право на минимална плата и годишен одмор, реши британски Врховен суд

Влатко Зорба