СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Делта холдинг“ создава регионален гигант во онлајн трговијата, инвестира 100 милиони евра

Во 2020 година, членовите на српскиот „Делта холдинг“ генерираа EBITDA од 46,5 милиони евра, 7,5% повеќе од година порано.

Минатата година приходите на Холдингот изнесуваат 511,2 милиони, што е за 2,2 проценти помалку отколку во 2019 година.

– Зголемувањето на оперативната добивка пред оданочување и амортизација – EBITDA, потврдува дека компанијата работи успешно, односно дека имала исклучително добро управување во ситуација која сериозно ја потресе целата светска економија. За нас, ова е многу важен факт, бидејќи е познато дека банките и консултантските компании го проценуваат квалитетот на компаниите според EBITDA, вели Милка Војводиќ, потпретседател за економија и финансии на „Делта холдинг“.

Во наредните години „Делта“ планира да го продолжи големиот инвестициски циклус, главно во областа на недвижнините, вреден вкупно околу 500 милиони евра.

Новина во 2021 година е влез на компанијата во потполно нов бизнис – купување преку Интернет.

„Делта“ во голема мерка развива платформа за е-трговија, наречена „Ананас“, која ќе биде активна веќе во првата половина на оваа година. Ќе се разликува по исклучително голем асортиман на стоки, соработка со најголемите добавувачи, но и целосно ново корисничко искуство. Инвестицијата во „Ананас“ во следните пет години ќе изнесува 100 милиони евра.

– Со финансиската моќ и инвестициското искуство што го има „Делта“, убедени сме дека можеме да создадеме регионален гигант во трговијата преку Интернет. „Ананас“ ќе им понуди на клиентите нешто што не се навикнати во домашната трговија, а го имаат само најголемите глобални трговци како „Амазон“ или „АлиЕкспрес“. На самиот почеток ќе го покриеме српскиот пазар, но со намера да бидеме присутни на пазарите во поранешна Југославија многу скоро, плус Албанија“, вели Марија Десивојевиќ Цветковиќ, потпретседател на „Делта“ за стратегија и развој.

На 4 февруари 2021 година ќе поминат точно 30 години од основањето на „Делта холдинг“. За три децении, компанијата од продажба на бизниси оствари приход од 2,5 милијарди евра и ги инвестираше овие пари во Србија и земјите од регионот.

Поврзани вести

Македонија 26-та во свет по извоз на грозје

msp-admin

Расте улогата на односите со јавност во управување со компаниите

msp-admin

Економисти: Поради затворањето, Германија ќе изгуби над 19 милијарди евра

msp-admin