Стандард
КОМПАНИИ

Десетте најбогати семејства: Имаат повеќе пари од Германија, Велика Британија и Франција заедно

Десетте најбогати семејства имаат шокантен групен приход од неверојатни 3,4 трилиони американски долари, што е еднакво на целиот БДП на Германија, Велика Британија и Франција, објавуи „Бе92“.

Ова се десетте најбогати семејства во светот:

10. Семејството Думас од Франција, во чија сопственост е брендот „Хермес“, има богатство во вредност од 49,2 милијарди долари.

9.Семејството Брин од САД. Нивното богатство се проценува на 51,1 милијарди долари. Сергеј Брин е технолошки моќник и ко-основач на компании како Гугл. Тој во моментов е претседател на матичната компанија Алфабет.

8.Богатството на семејството Амбани од Индија се проценува на 52,3 милијарди американски долари. Дирубај Амбани беше ко-основач на Reliance Industries.

7.Семејството Пејџ од САД има богатство проценето на 52,4 милијарди американски долари. Лери Пејџ е ко-основач на Гугл и сега е извршен директор на компанијата Алфабет.

6.Семејството Албрехт од Германија има богатство во вредност од 53,5 милијарди долари. Парите ги заработиле двајцата браќа Карл и Тео Албрехт, кои се основачи на супермаркетот „Алди“.

5.Семејството Чакри од Тајланд. Нивното богатство се проценува на 60 милијарди долари. Семејството Чакри владее со Тајланд последните 237 години.

4.Семејство Елисон од САД. Тие тежат дури 61,8 милијарди долари. Лери Елисон е ко-основач на глобалната корпорација Оракл.

3.Семејство Закерберг од САД. Нивното богатство се проценува на 63 милијарди долари. На чело на ова семејство се наоѓа Марк Закерберг.

2.Семејство Слим од Мексико има богатство вредно 64,9 милијарди долари. Ова семејство беше најбогато во светот во периодот помеѓу 2010 и 2013 година. Семејството своето богатство го стекна благодарение на нивната компанија Групо Карсо.

1. Семејството Марс од САД се наоѓа на првото место меѓу најбогатите семејства во светот. Нивното богатство се проценува на 70,8 милијарди долари. Тие се сопственици на компанијата Марс.

Поврзани вести

Бензините поскапуваат за 3,5, нафтата за 1,5 денари

msp-admin

Facebook дава бесплатни реклами на Светската здравствена организација

msp-admin

Загубите на берзата повторно се бројат во милијарди: Нов удар на акциите на „Reddit“

Влатко Зорба