СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Домаќинствата почнаа да се снабдуваат со струја на слободниот пазар

Домаќинства почнаа да купуваат струја на слободниот пазар. Станува збор за фирми сместени во станови, но се уште нема податоци колку се и колкави се нивните трошоци, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.

-Не знаеме како ќе биде. Уште е рано што било да кажеме, освен дека се работи за фирми кои целосно се снабдуваат на слободниот пазар, рече Бислимовски за МИА.

На денешната подготвителна седница на Комисијата ќе се разгледуваат правилата за доделување прекугранични преносни капацитети.

-Земјава ќе има заедничко доделување прекугранични капацитети со Бугарија и со Србија. Од овие правила што ги одобривме минатата година и сега, МЕПСО во текот на 2018-та и 2019-та приближно заработува 20 милиони евра годишно кои потоа, при определување на цената како зголемен приход на МЕПСО ги одземаме и поради тоа цената за пренос на електрична енергија се намалува две години по ред. Ќе видиме каков ќе биде трендот во 2020-та иако се очекува вака да продолжи, истакна претседателот на РКЕ.

Од 1 јануари годинава целосно е либерализиран пазарот на електрична енергија во земјава и сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата, можат да излезат на слободниот пазар.

Поврзани вести

Копач: С. Македонија најдобра во енергетските реформи

msp-admin

Кој најмногу го купува руското злато?

msp-admin

Сметководителите предупредуваат: Без системски решенија ќе следат големи проблеми